Економија

Од денеска и официјално започнуваат со работа кафичите и кафаните

Напишано од The Gentleman

Нешто што многумина го очекуваа со нетрпение моментот на повторно започнување со работа на кафаните и кафичите. Од денеска во 10 часот и официјално започнуваат со работа. Ќе работат до 20 часот.

Искрено не ни фалеа многу, како што ни фалеше социјалниот аспект а тоа е друштвото за добар муабет, кафе на нога и прошетка некаде околу.

Сепак, отворањето на кафаните и рестораните значи и опасност од ширење на корона вирусот повторно. Затоа треба да се се почитуваат мерките

На маса ќе можеда седнат  четири лица со тоа што сега не мора да се од иста фамилија како што беше најавено. .На самиот влез мора да има задолжено лице кое што ќе ги пречекува гостите. Ќе се поставува маса на секој 9,6 метри квадратни, а не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и на коњопој. Се дозволува максимален број на на 12 лица на споени маси  заедно со задолжително растојание  помеѓу секој гостин  од еден и пол метар.

Не сме баш сигурно дека ова ќе функционира, но да се надеваме дека сите мерки се издржани.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman