Креатива

Од досада до креативност

Напишано од The Gentleman

Денес повеќе од кога било сме окупирани со интернет,Фејсбук, Јутуб. Дури и кога на секунда ни е досадно, веднаш наоѓаме нешто што ќе ни го привлече нашето внимание. Меѓутоа, ако непрекинато сте ангажирани ќе ја пропуштите користа од досадата. Бидејќи, иако звучи неверојатно, досадата има своја предност.

Кога ви е досадно, тоа значи дека на мозокот му се потребни нови идеи. Истражувачите потврдија дека луѓето по досадата стануваат покреативни. Тие направиле експеримент и на една група учесници им дале задача 15 минути да препишуваат телефонски именик. Кога учесниците започнале да се досадуваат, им бил даден тест за креативност во кој тие требале да пронајдат што повеќе начини за употреба на пластичната чаша. Нивните резултати биле споредени со резултатите на друга група личности која пред тестот не се досадувала. Научниците дошле до заклучок дека покреативни биле лицата кои претходно се досадувале.

Психолозите сметаат дека писателите знаат дека досадата им помага во креативноста, и како доказ го дадоа цитатот на комедиографот Грахам Линхан „Јас кога пишувам го исклучувам компјутерот и се присилувам себеси да ми биде досадно, бидејќи досадата е суштински дел од пишувањето“.

Д-р. Санди Ман, автор на експериментот со телефонскиот именик, смета: „Досадата на работа секогаш била гледана како нешто што треба да се елиминира, но сега кога знаеме дека досадата ја поттикнува креативноста таквиот став треба да се промени“, додавајќи дека шефовите кои бараат константна посветеност за жал ненамерно ја нарушуваат креативноста на својот тим.

За авторот

The Gentleman