Фитнес

Одличен домашен тренинг со кои ќе ги намалите болките во грбот

Напишано од Mr. N

Доколку имате болки во грбот од премногу седење и лежење, ние спремивме одличен тренинг за вас кој може да го практикувате во вашиот дом.

Поради воведување на полициски час и вонредна состојба, голем број на луѓе го минимизираат движењето и поголем дел од времето го поминуваат во своите домови. Најголем проблем се јавува кај луѓето кои биле физички активни и не се во можност да го прават истото од дома. Исто така, од премногу седење и лежење, болките во телото се доста чести, при што болката во грбот е најголема.

Затоа решивме да ви претставиме одличен домашен тренинг што ќе ви помогне да ја елиминирате болката и да го зајакнете грбот. Целиот тренинг е направен на база без тегови и други направи, едноставен и практичен за во вашиот дом.

Друга добра работа е што овој тренинг трае само 5 минути со цел да го завршите брзо и подоцна, кога ќе одморите, да го повторите уште неколку пати.

Погледнете го видеото и внимавајте како се прават вежбите, а потоа повторете ги и практикувајте ги секојдневно.

За авторот

Mr. N