Фитнес

Одлични совети од најдобрите холивудски фитнес мажи

Напишано од Mr. N

Ако ја поминавте зимата со намален интензитет на физички активности, сигурен сум дека пролетните денови ве мотивираат да се вратите во форма. Ентузијазмот кој доаѓа со овој период од годината е супер, но како и сè друго, ако е претеран може да ви наштети. Преголемата желба брзо да се вратите во форма носи ризици да се повредите, а тоа нема да ви помогне да ја остварите целта. Затоа, следете ги советите од најдобрите фитнес мажи кои потекнуваат од Холивуд.

  1. Арнолд Шварценегер – Откако престанав со натпреварувања, започнав нова техника на брзи тренинзи од шест серии без одмор и со голем број повторувања.
  2. Хју Џекман – Мојот последен трик е носење монитор кој го следи отчукувањето на срцето за време на тренингот.
  3. Вин Дизел – Првата работа која ја правам, пред да дојдам на снимање на филм или пак на одмор е возење велосипед.
  4. Двејн Џонсон – Клучната цел во успехот е ефикасноста, затоа правам кружни тренизни надополнети со суперсерии.
  5. Џејсон Статам – Како да препознаете добар тренинг? Пред да почнете со вежбање, замислете го вашиот тренинг убиствен, кој нема да ви дозволи да одморите!!
  6. Силвестер Сталоне – Постојат многу вежби за раце, но основните се секогаш најдобри (склекови и стомачни)

За авторот

Mr. N