Технологија

Официјално ги претставуваме првите фотографии од новиот Samsung Galaxy Note 10

Напишано од Mr. N

Десет дена од кога се објавија првите неофицијални фотографии на новиот Samsung Galaxy Note 10+, се појавија првите официјални рендери на овој премиум уред.

Во објавената слика можете да го видите “обичниот” Galaxy Note 10 модел. За разлика од “постариот брат”  Galaxy Note 10+, кој доаѓа со 6,7-инчен екран, тој е опремен со помал 6,3-инчен дијагонален екран.

Иако официјално се уште не е познато во кои бои ќе бидат достапни мобилните телефони на Galaxy Note 10, објавите на социјалните медиуми сугерираат дека може да бидат само две бои (Classic Black и Gradient Silver).

 

За авторот

Mr. N