Серии

Официјално потврдено: Новата епизода од “Пријатели” ќе се снима во март

Напишано од The Gentleman

Долгоочекуваната нова епизода на култната серија „Пријатели“ конечно доби официјален датум за снимање. Метју Пери соопшти дека новата епизода ќе започне да се снима во март. 

Обединувањето е презакажано за почеток на март. Се чини дека ќе имаме ангажирана година и тоа ми се допаѓа“, кажа Пери.

Специјалната епизода требаше да се снима во август, но тоа беше одложено поради пандемијата на коронавирусот. Таа ќе ги обедини Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет ЛеБланк, Метју Пери, Дејвид Швимер и Лиза Кудроу во прв заеднички проект откако заврши снимањето на серијата во 2004 година.

Епизодата, што ќе се снима на оригиналната сцена од серијата, ќе се прикажува на „Ејч-Би-О макс“, но засега не се знае од кога.

 

За авторот

The Gentleman