Најново

Официјално претставен новиот Huawei Mate Pad Pro

Напишано од Mr. N

Кинескиот технолошки гигант Huawei го претстави својот нов таблет, 10,8 инчниот Mate Pad Pro.

Технолошките аналитичари сметаат дека Mate Pad Pro е одговор на 11 инчниот iPad Pro на Apple, но сега се познати неговите спецификации, па да ги воочиме разликите и сличностите.

Имено, Mate Pro има тенки рамки од 4,9 милиметри и предна камера од 8 мегапиксели. Исто така има и малку поголема резолуција на екранот од 2.560 x 1.600.

Спецификации:

  • Кирин 990 процесор и EMUI 10 втемелен на Android 10, така што најверојатно нема да има пристап до Google Play за меѓународните верзии.
  • Главна камера од 13 мегапиксели и 128 GB интерна меморија.

Цената на металик-верзијата на таблетот на Huawei изнесува 470 долари или околу 420 евра, додека верзијата со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија изнесува 710 долари или 645 евра.

 

 

За авторот

Mr. N