Музика

Огнен Здравковски има хит: Слушнете ја „Извини“ (ВИДЕО)

Напишано од Mr. M

„Извини“ се вика најновата песна на младиот пејач Огнен Здравковски, позади која како автори се потпишуваат најдобрите во земјава, братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски.

Оги песната премирно ја објави уште вчера на неговите социјални мрежи, а позитивните коментари пристигнуваат од минута во минута.

– Да бидам искрен очекував дека ќе ѝ се допадне песната на публиката. Навистина ова е ремек-дело, кое верувам дека би посакал да го има секој пејач на естрадава. Како што знаете, првата верзија на оваа песна ја пуштив на српски јазик пред еден месец и верувајте дека ама буквално секојдневно добивам пофални коментари – вели Здравковски.

За оваа песна Огнен и неговиот тим снимија и видеоспот кој е во режија на Гордан Божиновски, а покрај Оги во спотот се појавува моделот Ана Даја Гри.

Инаку Огнен во последно време е еден од пејачите кој има доста настапи и него може да го видите во повеќето дискотеки и клубови низ нашата земја.

Слушнете ја неговата најнова песна:

За авторот

Mr. M