Во светот на часовниците

Omega часовник во чест слетувањето на месечината

Напишано од Mr. M

Оваа година се одбележува 50 годишнината на едно од најважните случувања во историјата на човештвото, а тоа е првото следтување на месечината на луѓето.

Apollo 11 лунарната мисија го прослави Omega Speedmaster моделот кој стана првиот часовник кој се качил на месечината. Поради таа причина брендот Omega го претстави своето специјално издание.

Станува збор за Omega Speedmaster Apollo 11 50th Anniversary часовникот кој што се карактеризира со куќиште од нерѓосувачки челик и дијаметар од 42 мм кое е акцентирано со ново омега 18 каратно Moonshine злато.

Овој модел се движи благодарение на рачно напојуваниот механизам 3861. Часовникот може да се пофали со сив бројчаник со црни под бројчаници. Кога ќе го свртите часовникот од другата страна, можете да ја видите ласерски гравираната тектура на површината на месецот заедно со слика од отисокот на стапалото на еден астронаут.

Часовниците од брендот Omega можете да ги најдете во салоните на Божиновски часовници и накит

За авторот

Mr. M