Кариера

Опседнатоста со кариерата ќе го забави вашиот напредок

Напишано од The Gentleman

Секогаш постојат оние кои ќе кажат дека клучот за среќата лежи во пронаоѓањето на нешто без што не можете да живеете, но истражувањата покажуваат поинаку: претераното поистоветување со нешто што ви е страст може да биде нездраво и долгорочно да и наштети на вашата изведба.

Добро е да се биде амбициозен, но постојаното размислување за кариерата доведува до занемарување на работните задачи. Појмот страст се опишува со различни искуства, но социјалната психологија не започнала со мерење на приврзаноста на индивидуата со работите кои ги сака, се додека Роберт Ј. Валеран професор на Унверзитетот Квебен, не го предложил дуалистичкиот модел на страста во 2003 година.

Валеран ја измислил Скалата на страсти, пишува Бизнис инсајдер, начин со кој се мери однесувањето на поединецот кон активностите кои претставуваат негова искрена страст.

Оние чија страст е избалансирана навистина нешто сакаат, но тоа во било кој момент можат да го остават бидејќи станува збор за нешто значајно, но не толку значајно за да надвладее со дел од нивната личност. Избалансираната страст не влијае на останатите сегменти на животот. Наспроти тоа, опсесивната страст е својствена за индивидуите чија самодоверба и идентитет првенствено произлегуваат од нивната изведба, односно од самото обавување на активностите за кои страствено се поврзани.Така, на пример, лошо одиграниот натпревар може да го поткопа идентитетот на страствениот спортист.

Слична работа може да им се случи и на луѓето кои себе си премногу се поистоветуваат со својата деловна улога и титула. Стравот од неуспех може да ви помогне ако започнувате нов бизнис и оставате впечаток. Но тоа исто така води и до синдром на прегорување, го зголемува стресот и ја намалува долговечноста.

Со други зборови, било што да правите во животот, дали станува збор за школување, хоби, обавување на работата или нешто трето, добро е да го сакате тоа што го работите, но не и премногу да се врзувате за тоа, бидејќи доколку случајно се случи да останете без таа активност, нема да го загубите само она што го сакате туку ќе загубите и дел од својата личност (што е многу поголема загуба).

За авторот

The Gentleman