Настани

ОСКАРИ 2021: Ентони Хопкинс најдобар актер, “Земја на номади” најдобар филм

Напишано од The Gentleman

Актерот Ентони Копкинс е добитник на наградата за актер на годината на овогодинешното издание на Оскарите 2021. Тој со глумата во филмот Татко, на големо изненадување го победи фаворитот, сега веќе починатиот актер Чедвик Босман.

Филмската драма „Земја на номади“ на кинеската режисерка Клое Жао е прогласен за најдобар филм. Покрај оваа награда филмот освои уште две награди или вкупно три големи награди. Жао е само втора жена, дваесет и една година по Кетрин Бигелоу,  која се закити со режисерскиот оскар.

Ѕвездата на филмот Френсис Мекдорманд го доби оскарот за најдобра актерка, нејзин трет, со што се израмни со Мерил Стрип. Рекордерка е Кетрин Хепберн со четири.

Церемонијата на овогодинешните награди беше комплетно различна од она на што сме навикнати досега, а се одржа и со доцнење од 2 месеци, нешто невообичаено.

 

За авторот

The Gentleman