Настани

Oскарите со најниска гледаност во својата историја

Напишано од Mr. N

Без водител и ништо привлечно, телевизиската гледаност на 92-то доделување на наградите Академијата беше најниско во историјата – привлече само 23,6 милиони луѓе, што е намалување за 20 проценти во однос на минатата година.

Иако за прв пат во историјата, странски филм ја освои наградата за најдобар филм , режисер, сценарио и странски филм , тоа не привлече гледачи.

Покрај тоа, церемонијата се одржа порано од вообичаеното, што веројатно влијаеше на гледаноста.

„Наградата беше премногу предвидлива, премногу обична и здодевна“, рече Том О’Нил, основач на портал Голдерби, кој се занимава со органзиацијата на Оскарите .

По втор пат во историјата на Оскарите, наградата мина без домаќин, а критичарите велат дека тоа беше уште еден хендикеп на годинешната церемонија.

За авторот

Mr. N