Настани

Оскарите за 2021 година ќе се одложат

Напишано од The Gentleman

Иако е сеуште рано, но се повеќе гласини се шират дека 93-то издание на Оскарите ќе биде одложено.

Иако сеуште не е официјално откажана оваа манифестација, се шпекулира за друг датум, кој ќе биде објавен наскоро.

Кога во април беа објавени нови привремени правила во однос на доделувањето на најпрестижната филмска награда во светот, како резултат на Ковид-19, претседателот на Академијата, Дејвид Рубин, изјави за „Variety“, премногу е наскоро да се знае како може да се доделува Оскарот од физичка дистанца во 2021 година во пресрет на пандемијата.

За наредната година, веќе од академијата изјавија дека ќе можат да се натпреваруваат и дигитално прикажани филмови, што е прв пат во историјата.

 

Едно е јасно дека филмската индустрија е воголема криза.

За авторот

The Gentleman