Технологија

Основачот на Huawei: Американците не потценуваат, а ние сме чекор пред нив

Напишано од Mr. M

Рен Женгфеј е основачот и извршниот директор на кинеската компанија Huawei, изјавил дека САД ја потценува неговата компанија.

Во интервју за CCTV тој изјавил дека според досегашните постапки на САД, навистина не ја знаат сеуште силата на компанијата. Тој изјавил дека неговата компанија е чекор понапред и дека секогаш имаал алтернатива за купување на чипови и на тој начин САД не може да ја изолира компанијата од останатиот свет.

Кога станува збор за 5G технологијата, според Рен, останатите компании ќе ги стигнат дури за две до три години, а тоа покажува која е силата на компанијата.

Дали ќе успеат САД и Кина да се договорат околу сите овие недоразбирања и обвинувања или ќе треба навистина да чекаме да ја видиме силата на Huawei…

За авторот

Mr. M