Технологија

Основачот на Huawei на децата им купува Iphone телефони

Напишано од Mr. M

Првиот човек на компанијата Huawei Рен Женгфеј на едно негово интервју за државна кинеска телевизија изјавил дека на неговата фамилија и купува Iphone телефони.

Ова тој го кажал кога го прашале дали ќе ги бојкотира производите на Apple во Кина, откако САД ја стави кинеската компанија на црната листа.

Телефоните Iphone имаат добар екосистем и кога мојата фамилија се наоѓа во странство јас сеуште им купувам Iphone. Тоа значи дека љубовта кон мојата компанија не значи дека дека само имаме љубов за телефоните на Huawei.

Порталот Бизнис Инсајдер имаше една интересна статија каде што пишуваше за зависноста на фамилијата на Рен од Iphone. Од друга страна пак многу вработени во кинеската компанија биле казнети поради тоа што се решиле да користат Iphone.

За авторот

Mr. M