Кариера

Особини кај менаџерите кои најмногу се ценат

Напишано од The Gentleman

Менаџерите или успешните луѓе мораат да негуваат некои особини кои ги прават успешни. Еве кои се особините кои најмногу ги ценат кај нив.

Одговорност – Одогворноста е една од клучните особини кај еден менаџер. Оној кј менаџира треба да знае дека треба да превзема одговорност во носењето одлуки, да биде отсечен и да знае да пресече кога е потребно.

Точност – Менаџерите, не смеат да каснат. Никогаш. Организацијата на времето е една од клучните особини кај менаџерите. Барем кај оние наајуспешните. Ако не знаете да си го организирате времето, еден ден ќе ве згази. Да знаете.

Соработка – Успешните менаџери знаат да соработуваат, не се срамат да прашаат кога нешто не знаат, и знаат да направат тим кој ќе соработува на одредена тема или задача.

Усовршување – Секогаш треба да се усовршуваат на темата или согласно работното место и позизија. Успешните менаџери детално и длабоко го учат бизнисот во кој работат.

Личен развој – Емпатијата, способноста да се биде тимски играч, внатрешна мотивација, способност за решавање конфликти, флексибилност, тоа се само некои од темите за личен развој кои ги учат менаџерите.

 

 

За авторот

The Gentleman