Пијалоци

Освежителни коктели за топлите летни денови

Напишано од Mr. N

Бидејќи се наближува летото, се почесто се случува да размислуваме на некој освежителен пијалок во попладневните часови кој покрај тоа што ќе ни ја засити жедта, ќе ни ги задоволи и вкусовите. Во овој случај, најсигурната варијанта се коктелите.

Затоа, во продолжение ќе ви претставиме четири многу едноставни рецепти за коктели кои се подготвуваат со само три состојки. Сите потребни состојки се наведени во видеото кое го подготви каналот Tasty, а нив можете да ги најдете во локалниот маркет.

Подготвувањето на коктелите е толку едноставно што буквално не постои шанса да погрешите некаде.

За крај еден мал трик: Во случај да погрешите, само додадете џин во пијалокот.

 

За авторот

Mr. N