Пијалоци

Освежителни коктели за топлите летни ноќи

Напишано од Mr. N

Летото е одличен период за експериментирање, а коктелите се одличен начин за тоа. 

Плус, сите знаеме дека најдобриот пијалак за во лето се разните коктели. Па, затоа за вашата следна забава, научете сами да правите неколку интересни коктели со кои ќе ги восхитите пријателите:

1. Negroni

Овој коктел е многу познат и големи се шансите веќе да сте го пробале. Сѐ што ви е потребно е џин, кампари и сладок вермут, а и парче портокал не е на одмет. А, колку ќе ставите зависи од личниот вкус.
2. Old Fashioned

Овој коктел е еден од оние пијалоци кои докажуваат дека не мора да биде комплицирано за да биде вкусно. Оригинално, тој се прави со виски, но може и со текила или рум. Покрај алкохол, потребно ви е и мала количина шеќер и некој горчлив безалкохолен пијалак.

3. Margarita

Сигурни сме дека барем за него сте чуле. Овој коктел се базира на текила, а ви требаат и свеж лимон и шеќер. Лимонот исцедете го во текилата, а шеќерот ставете го или на врвот од чашата или внатре како дел од пијалакот.

4. White Russian

Ова е уште еден навистина познат пијалак кој е навистина лесен за подготвување. Бидејќи е руски, секако дека во основата има вотка. За да го направите, измешајте чаша вотка со 2 лажици нес кафе и лажиче млеко или слатка павлака.

За авторот

Mr. N