Автомобили

Отсега можете да купите Тесла со биткоини

Напишано од The Gentleman

По инвестирањето во акции во биткоинот, Илон Маск сега најави дека ќе може да се купува Тесла автомобили со оваа криптовалута.

Сега за сега оваа опција е достапна само во САд, а на крајот на годината се очекува да може да купува и во Европа.

„Сега можете да купите ‘тесла‘ со биткоини“, напиша Маск на Твитер, додавајќи дека тие нема да бидат конвертирани во конвенционална валута.

Производителот на електрични возила минатиот месец објави дека купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и дека наскоро ќе почне да ги прима како средство за плаќање, што значително ја зголеми вредноста на најпопуларната криптовалута.

За авторот

The Gentleman