Технологија

Ова е најдобриот паметен телефон за 2019 година

Напишано од Mr. M

Европската асоцијација за хардевер го прогласи телефонот Huawei P30 Pro за најдобриот телефон за 2019 година. Овој телефон го освои првото место во категоријата Најдобар паметен телефон.

На ова натпреварување имало повеќе од 100 искусни експерти од мобилната технологија кои номинирале и гласале за најдобриот паметен телефон.

Ова е втора година по ред во која компанијата Huawei освојува награда, а претходната година ова признание го доби Huawei P20 Pro.

Преку иновативните функции кои што ги нуди овој телефон како што се SuperSpektrum сензорот, SuperZum леќата, ToF камерата, како и подобрената технологија за стабилизација на сликата, придонесоа за освојување на наградата.

За авторот

Mr. M