Економија

Ова се најдобрите 10 земји за работа и заработка

Напишано од The Gentleman

InterNations е најголемата мрежа на експерти во светот која направи листа од 10 земји во кои е најдобро да живеете и да работите, но и да заработите. Оваа листа е рангирана според интервјуа со 13,000 луѓе кои заминале да живеат во друга земја.

Малта – Работниците во Малта работат полно работно време и на крајот од неделата излегува некаде околу 43, 9 работни часови, што е помалку од глобалниот просек кој изнесува 44,3. Поголемиот дел од испитаниците кажале дека имаат доволно приходи за сите нивни трошоци.

Оман – Во оваа земја луѓето работат просечно 43,5 часови, а поголемиот дел од испитаните се среќни со нивниот живот.

Холандија – Тука луѓето во просек работат 42 часа неделно. Поголемиот дел од луѓето се среќни со земјата, политиката и економијата.

Костарика – Тука во просек луѓето работат некаде околу 44,3 часа неделно и животниот баланс на луѓето е доволно добар. Единствената работа на која се жалат луѓето е можеби малку поскапиот секојдневен живот.

Шведска – Луѓето во Шведска работат 42,3 часовни неделно,  а поголемиот дел од луѓето тврдат дека не можат да бидат среќни со просперитетот на својата кариера, сигурноста за работата и можностите кои ги поседуваат.

Нов Зеланд – Поголемиот дел од луѓето кои се преселиле ово оваа земја, го направиле тоа за подобар живот, а не за поголема заработка. Тоа е една опуштена земја за живот во која работното време изнесува 42,3 часа неделано.

Чешка – Чешка го има најдолгото работно време од 44,9 часови неделно, но сепак луѓето уживаат во доста квалитетен живот.

Норвешка – Тука се работи 42,9 часа неделно, но сепак луѓето имаат само една мала замерка, а тоа е расположливиот доход на домаќинствата кој не покрива се што им е потребно за нормален живот.

Бахреин – Во просек луѓето во Бахреин работат 42,9 часови во неделата. Може да најдат доста време за одмор после работа.

Данска – Во Данска луѓето работат 39,7 часа неделно и оваа земја ја има најкратката работна недела.

За авторот

The Gentleman