Пијалоци

Ова се најмоќните брендови на виски во светот

Напишано од The Gentleman

Денеска ќе посветиме време за највлијателните брендови во светот на вискито. Постојат голем број на брендови на виски на пазарот, но само еден неколку можат и имаат можност да се вклучат во првите 10. Во првите 10 се најде брендот Grant’s кој е доста популарен кај мажите низ светот. Пред неколку години, овој бренд се најде на 25 место по вредност, но полансирање на неколку нови линии со цел да дојде до помладиот таргет, тие успее да се издигнат во првите 10.

Full_Range_Grant's_Whisky

Следно виски кое вреди да се истакне е канадското Crown Royal. Компанијата која стои позади овој бренд важи за 17та најмоќна компанија во светот на пијалоците.

6.6.1_CrownRoyalCollide

Најмоќната листа не можеме да ја замилиме без Jameson. Овој бренд забележува благ порас на приходите од година во година и се повеќе се покажува како великан во светот на вискито.

3249

Пред 5 години можеби никој не очекуваше дека јапонците ќе станат меѓу најдобрите производители на виски. Брендот Suntory се наоѓа во првите 10, а компанијата која стои позади него е 14 најмоќна компанија за пијалоци во светот.

Cask-collection

Листата ја продолжуваме со брендот кој веќе неколку години стои цврсто меѓу најдобрите. Станува збор за Ballantines. Уште еден бренд кој е со традиција и постојан раст на продажбата.

ballantines_group_5

Листата ја надополнуваме со Chivas, Jack Daniels и секако Johnnie Walker, брендот кој е лидер во светот. Најмоќниот бренд за виски веќе неколку години.

Johnnie-Walker

За авторот

The Gentleman