Селебрити

Оваа година, беше година за Бред Пит!

Напишано од Mr. M

Откако 55 годишната Холивудска ѕвезда некако се повлече од јавноста и повеќе внимание посветуваше на продукција и на неговата компанија Plan B Entertainment, повторно се врати на големото платно, прво со Once Upon a Time in Hollywood, а потоа и со Ad Astra.

За едно интервју тој вели “Њујорк на пример, отсекогаш бил тежок за мене. Премногу папараци. Таму немам слобода. А со самото тоа, не е веќе ниту забавно.” Но, Ad Astra го одвлече од маргините и го врати на актерството.

Бред Пит признава дека изборот на нови улоги веќе станале лични. Тој вели: “Во последните 15 години дали ќе ја прифатам улогата зависи од тоа дали можам да ја претставам како што некој друг не може. Го правам тоа преку изнесување на моето искуство, мојот личен хумор, безсрамност и моите лични болки. Кога ги гледам Кристијан Бејл или Том Харди, не можам да го направам тоа што тие го прават. И не можам да влезам во таа улога. Но, сакам да го направам истото на моите улоги.”

Во Ad Astra ликот на Пит го носи името Рој МекБрајд, астронаут со мисија да патува се подалеку во вселената со цел да го пронајде својот татко – астронаут ( кој го игра Томи Ли Џонс ) кој исчезнал. Филмот е режиран од Џејмс Греј.

За авторот

Mr. M