Стил

Оваа сезона во машката мода доминанта е кафената боја

Напишано од Mr. M

Оваа сезона модните дизајнери од Париз, Милано и Њујорк, препорачуваат машките костуми да бидат во поинакви тонови. Богати земјени тонови, полека но сигурно ја заменуваат црната боја која владееше досега.

Денес решивме да се потсетиме на важноста на кафената боја во стајлингот на современиот маж. На времето оваа боја не била многу омилена кај градските мажи кои биле заробени во светот на црната, тегетот и сивата боја. За нив кафената боја потсетувала на стајлингот на селаните, односно на посиромашните мажи. Епа денес не е баш така.

Денес, кафената боја се носи насекаде, од кафулињата па се до работните канцеларии, и истата може слободно да кажеме дека претставува еден вид на осет за добар стил. Па доколку видиме некој маж низ улиците во одлично кафено светло, одма истиот е регистриран како особа која знае што е добро.

Како што веќе кажавме, кафената боја се носи од секого и насекаде –

За авторот

Mr. M