Бизнис совети

Овие 4 поедници се најпотребни за успешен бизнис тим

Напишано од The Gentleman

Успехот на тимот не зависи само од еден човек. Емил Тедески еден од најголемите бизнисмени на Балканот, вели да ги немав најдобрите во тимот, немаше да го постигнеме овој успех. Не сме ние најпаметни, мора да сфатиме.

Тимската работа е од клучно значење за повеќето работни места. Многу е важно секој поединец на тимот да ги разбира својата цел, функција и надлежности со цел сите заедно да ја завршат работата ефикасно. Според Кејт Вард, автор на книгата „Личен стил на работа“, потребни се четири видови поединци за да се создаде успешен работен тим. Еве кои личности ви се потребни за до изградите вашиот тим од соништата:

Директен поединец

Директен член на тимот е обично оној кој ги собира сите членови заедно и ја дава структурата на задачата или целта. Оваа личност е одлучна, сака акција, успех и подготвена е да им помогне на другите. Директниот член на тимот може да учествува во конфликт, но тоа е за општо добро. Независноста за него е од клучно значење. Ќе ги слушне сите презентирани идеи и ќе одлучи што е најдобро за остварување на целта. Сепак, оваа личност, исто така, може да биде нетрпелива и нечувствителна кога дава повратни информации.

Духовен поединец

Духовен член на тимот е личноста која постојано е полна со енергија и ентузијазам. Неговиот стил на работа се темели на духовните квалитети. Важи за најгласен поборник кој ги мотивира, ги воодушевува и ги инспирира останатите членови на тимот. На тој начин ја задржува позитивната енергија при остварувањето на целта. Од овој член потекнуваат многу необични, но практични идеи за работа. Духовниот поединец има решение за секој проблем. Сепак, овие личности често се расеани и не се водат според зацртаниот план.

Внимателен поединец

Внимателниот поединец е оној кој ги држи членовите на тимот заедно и покрај сите подеми и падови. Тој ја одржува хармонијата на тимот и се смета за најдобар слушател. Оваа личност е одговорна за преговарање и договарање со другите личности кои не се дел од тимот. Внимателниот поединец е флексибилен кога се работи за остварување на целта. Но, овој член од тимот може да биде многу колеблив при искажувањето на своите чувства, што понатаму е причина за неговата пасивност.

Систематски поединец

Систематскиот член на тимот е оној кој практично ја завршува работата. Оваа личност сака јасно дефинирани задачи за кои веќе е определен рок. Систематскиот поединец е целосно спротивен на духовниот поединец. Овој член не поседува високо ниво на креативност и иновативност, но затоа може да се пофали со совршена усогласеност, прецизност, точност и објективност. Кога е потребно фер и искрено мислење, целиот тим може да смета на систематскиот член. Сепак, на оваа личност поважни и се точните податоци отколку односот меѓу членовите на тимот и лесно може да стане жртва на сопствениот перфекционизам.

Следниот пат кога ќе бидете дел од тимска работа, идентификувајте го вашиот личен стил на работење. Така ќе знаете како можете најмногу да придонесете за тимот и за работата. А доколку сакате да изградите ваш тим од соништата, обидете се овие типови на поединец да ги препознаете во вашата околина и токму нив да ги изберете за соработувањето.

За авторот

The Gentleman