Економија

Пад на испораката на уреди од 14% на глобално ниво

Напишано од The Gentleman

Иако веќе од почетокот се прогнозираше вакво сценари, сега е и официјално. Падна побарувачката односно испораката на уреди на глобално ниво за 14%. Глобалната пандемија со коронавирусот не ги поштеди ниту технолошките компании или технолошата индустрија.

Во истражување на Gartner продажбата на уреди на глобално ниво ќе се намали на 1.9 милијарди уреди. Во споредба со минатата година кога беа продадени 2.16 ,илијарди уреди, од кои 1,7 милијарди смартфони и 400.000 компјутери.

Според Gartner во 2021 и 2022 се очекува да дојде до пораст на испораката на преносни уреди, како што се компјутери, лаптопи и таблети, бидејќи се повеќе луѓе работат од дома. Се споменува дека во текот на следните години бизнис лаптопите би можеле да ги заменат десктоп компјутерите.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman