Технологија

Пазарот на паметни телефони бележи пад

Напишано од Пјер

Светскиот „бум“ на пазарот на паметни телефони опадна. Од јануари до март побарувачката во светски рамки е намалена за 2%, притоа биле продадени 347 милиони уреди, покажува истражувањето на маркетинг компанијата „GfK“.

Особено во Кина и Северна Америка, беше забележан посериозен пад во продажбата. Поради зголемувањето на цените на луксузните модели на „Apple“, „Samsung“, „Google“ и „Huawei“, приходите не страдаат. Тие имаат раст од 18%.

Корисниците имаат тенденција да купуваат модели со повисоки цени, рече телекомуникацискиот експерт на „GfK“, Анрд Полифке, цитиран од агенциите. Просечните купувачи сега трошат 374 долари на нов уред, што е за 21 отсто повеќе од минатата година.

Во Западна Европа приходите се зголемиле за 23% до 14,5 милијарди долари, што се должи на 26% раст на просечната продажна цена со зголемена побарувачка на премиум производи, додека продажбата паѓаат со 2% до 28,3 милиони примероци. Најсериозен пад беше забележан во Велика Британија (-11%), Шпанија (-7%) и Франција (-4%). Иако просечната продажна цена веројатно ќе продолжи да расте, „GfK“ предвидува дека побарувачката за паметни телефони во регионот ќе се намали во текот на целата година.

Во Централна и Источна Европа и приходите и продажбата се зголемуваат. Приходите се зголемија за 35 отсто на 5,9 милијарди долари, што е резултат на зголемувањето на просечните продажни цени за 29 отсто. Продажбата скокна за 5% на 19,7 милиони единици, главно поради растот од Украина, каде што скокна за 23%. Русија и Полска, двата најголеми пазари во регионот, објавија раст од 2 отсто во побарувачката. За цела година, „GfK“ очекува силна побарувачка во Русија и Украина за зголемување на продажбата на паметни телефони во регионот за 7 отсто.

Во Северна Америка, продажбата падна за 5 проценти на 35,8 милиони единици. Пад од 2% се очекува за цела година.

Во Латинска Америка, продажбата продолжува да расте, сега е 3 отсто или 32,8 милиони единици. Приходите се зголемија за 5 отсто на 10,3 милијарди долари. Намалувањата во Бразил (-4%) и Чиле (-18%) се компензирани од силиот раст во Колумбија (+ 41%) и Аргентина (+ 6%). „GfK“ предвидува мал раст за целиот регион за 3 отсто и покрај падот во Бразил.

Промоциите за време на Кинеската нова година не успеаја да го зголемат растот во Кина, како што обично е случај. Продажбата падна за 6 отсто на 109.6 милиони уреди. Сепак, приходите се зголемија за 14 отсто на 41,1 милијарда долари, откако Кинезите купија повеќе премиум производи од странски и од локални брендови.

Denar.mk

За авторот

Пјер