Храна

Пет намирници кои се најефикасните борци против вишокот сало

Напишано од Пјер

Доколку мачите мака со вишок килограми, овие намирници претставуваат најдобриот избор за вас.

1. Бобичесто овошје. Богато е со влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, а содржи малку калории. Исто така полно е со флавоноиди, кои поттикнуваат согорување на мастите.

2. Јајца. Полни се со протеини, па одлично ќе ја смират гладта во текот на денот.

3. Грчки јогурт. Има двојно повеќе протеини и половина помалку шеќер од обичниот јогурт.

4. Зелен и улонг чај. Кофеинот и катехините во овие чаеви го забрзуваат метаболизмот. Исто така се богати со антиоксиданси кои поттикнуваат согорување на масните наслаги.

5. Фстаци. Порција од 30 плодови содржи дури 6 грама протеини и само 100 калории.

За авторот

Пјер