Патувања Спорт

Пет видови на облека кој треба да ги содржи секој летен алпинист

Напишано од Mr. N

Прошетка низ нашите планини.

Да, таква летна сезона не очекува, и ние сме пресреќни.

Голем дел од алпинистите кој планинарат за време на летниот период, потребно е да имаат совршен стил на облека за да се чувствуваат комотно. Благодарејќи на голем број познати стилисти, алпинистичката облека, конечно го прикажа својот планинарски поглед, кој привлече внимание кај голема група на алпинисти. Поради овој факт, ви ги претставуваме петте најклучни парчиња на облека во кои вреди да инвестирате, пред да го направите вашето следно планинарење.

 

  1.  Vasque Clarion ’88

Старомодните планинарски чизми се клучен фактор за секој алпинист, но во последно време, тие наликуваат повеќе на кошаркарски патики, отколку на вистински чизми . Clarion ’88 е решението за овој проблем, главно поради нивната комотност при движење, која претставува клучен фактор за алпинистите, но и поради нивниот класичен, ретро модел кој во моментот претставува главен тренд на пазарот.

2. Filson Alagnak

Секој алпинист мора да има во секое време кошула по долги ракави, главно поради фактот дека временските услови во планина се значително променливи. Filson Alagnak кошулата е направена од квалитетно, комфортен памук, која брзо се суши и овозможува да изгледате совршено во град, откако ќе завршите со вашето планинарење.

3. Fjalraven Greenland Pants

Овие панталони ја даваат линијата помеѓу перфекција и мода. Нивниот полиестер-памучен слим материјал овозможува полесно да ги избегнете трнливите делови на планинскиот дел кој обезбедуваат поголема удобност при искачување кај секој алпинист.

4. Smartwool Everywhere Exploration Henley

Направена од квалитетна и мека мерино волна со мал дел на полиестер кој дава побрзо сушење при искачување,  Henley маичката создава удобност да ја носите насекаде, без разлика дали ќе планинарите или пак ке одите во град со вашите пријатели.

5. Lululemon Commission Shorts

Овие шорцеви овозможуваат да се чуствувате удобно како да сте на море, а всушност претставуваат дел од  алпинистичиот дизајн . Нивниот полиестерски материјал обезбедува поголем простор за машкиот дел од телото со цел да се чуствувате комотно при искачување . Исто така, содржат и заден џеб во кој може да го ставите вашиот мобилен телефон или компас за поголема сигурност.

 

 

 

За авторот

Mr. N