Стил

Петочки стил: Модна инспирација од италијанските фраери

Напишано од Mr. M

Петок е денот кој сите со нетрпение го чекаме. Тоа е денот кога се спојуваат бизнисот и уживањето и денот. Работните обврски ги завршуваме и спремни сме за викендот или за некоја добра after-work забава со пријателите. Токму од тука произлегува и оној препознатлив Casual Friday стил.

Токму затоа денеска во чест на денот петок ќе ви дадеме неколку модни предлози од италијанските фраери како еден вид на инспирација за денот. Зошто италијанските? Титулата, најмодерна нација во светот со право им припаѓа на италијанците.

Што се однесува на самиот стил, кај италијаните постојат одредени модни парчиња кои се сметаат за задолжителни. Едно од нив е тегет костумот направен по мерка. Друг важен сегмент се контрастните бои, тенките кравати, џебните марамчиња и шарените ракавици. Кога станува збор за обувките, најпознати се loafers и monk чевлите.

Одредена доза на ексцентричност е навистина посакувана од страна на италијанските мажи.

За авторот

Mr. M