Најново

Плаќајте во движење со Garmin Pay

Напишано од The Gentleman

Ако живеете динамично, постојано сте во движење, спортувате и обожувате да шетате во природа, тогаш ваш идеален придружник и вашето модерно решение за бесконтактно плаќање треба да биде Garmin Pay, иновативната услуга на Халкбанк АД Скопје што овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник. Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведувањето нови технологии, во духот на денешното динамично време, го креираше производот Garmin Pay, со што стана и прва банка на пазарот што воведува плаќање со паметен часовник.

Со активирање на оваа услуга никогаш нема да морате да се грижите дали додека спортувате може да ви испаднат парите или картичката. Со Garmin Paу всушност нема потреба да носите телефон, паричник, картички или готовина, туку само вашиот Garmin паметен часовник. Услугата виовозможува и во ситуации кога ќе ги заборавите или едноставно ќе ги оставите својот паричник илибанковна картичка дома, сепак да можете да ги извршите сите набавки и плаќања.

Вашите картички Mastercard издадени од Халкбанк може да ги дигитализирате преку апликацијата Garmin Connect  и да го активирате Garmin Pay. Мобилната апликација Garmin Connect може да се преземе од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“ или од „App Store’’ за мобилен уред со оперативен систем iOS. По успешно дигитализирање на картичките, можете да правите брзо и едноставно плаќање користејќи го единствено вашиот часовник Garmin.

Со Garmin Pay плаќањето е едноставно, бидејќи без допир, само со доближување на вашиот паметен часовник до уредот за плаќање, можете да извршите плаќање. Внесете ја вашата лозинка во апликацијата, изберете ја картичката со која сакате да направите плаќање и потоа држете го вашиот часовник блиску до читачот на ПОС терминалот. Плаќањето е извршено и можете да продолжите со своите активности.

Повеќе информации може да најдете на : www.halkbank.mk/garminpay; https://www.youtube.com/watch?v=yPNYzEStqAk

 

За авторот

The Gentleman