Фитнес

Пленк со тегови – вежба која гарантира резултат

Напишано од martin

Пленкот е една од најпознатите вежби која ја зголемува снагата и издржливоста. Оваа вежба е пред се препорачана од голем број на фитнес тренери. Таа е најдобра најмногу за абдоменалниот дел, но не е лоша и за рацете, рамената и нозете.

Сепак, има и една работа која е лоша кај оваа вежба, а тоа е што знае да биде доста досадна. Затоа ние најдовме на интернет интересен начин како да ја направите оваа вежба интересна. Она што прво ви е потребно еден тег, кој се става на бенч шипката.

Тегот поставете го на земја и преку него застанете во пленк позиција, така што тегот да ви дојде под главата. Потоа со едната рака, повлечете го тегот на едната страна, а со другата рака повлечете го на другата страна. Ова треба да го правите непрекинато додека сте во пленк позицијата.

За авторот

martin