Нега и одржување

По колку носења треба да се перат фармерките, кошулата, сакото…

Напишано од Пјер

Можеби најбитна наша статија овој месец.

Поготово ако живее сами, сами се пеглате, перете и сами се храните. Не е лесно 🙂

Значи денес учиме правилник за тоа после колку носења треба да се пере одредено парче облека.

1-Фармерките се перат ретко, после 5/10 носења, што значи една цела недела може да поминете во само еден пар на фармерки. Ова го знаете веќе, затоа што тексасос не треба многу да се пере. Нормално доколку сте се усмрделе со јак провод во кафана, перете уште вечерта

2-Дебел зимски волна џемпер не се пере често. Дури поретко и од фармерките, значи два до три пати месечно.

3-По еднаш само смее да се носат обичните маички и кошули. Истото важи и за долната облека, да не ве потсетуваме за ова

4-Сакото и капутот може да не се перат никогаш, но ние советуваме да ги носите на хемиско барем 2 пати годишно

Инфографикот во продолжение надополнува уште неколку правила…

За авторот

Пјер