Водич за патување

Погледнете зошто Португалија е прогласена за најдобра европска дестинација

Напишано од Mr. N

Читателите на најпопуларното светско списание за патување ја избраа Португалија за една од најдобрите земји оваа година, заедно со Индонезија и Тајланд…

За само една година, Португалија скокна 15 места на листата на најдобри светски туристички дестинации, според читателите на магазинот Conde Nast Traveler. Од осумнаесеттото место што го имаше минатата година, Португалија овој пат се најде на третата позиција. Со повеќе од половина милион туристи, посетители и читатели низ целиот свет, Португалија беше прогласена за најдобра европска дестинација за оваа година.

Ова рангирање ни дава преглед на најдобрите дестинации во моментот, избирајќи ги најголемите и најмали градови, хотели, ресторани, острови, одморалишта, бањи и други патни работи.

На врвот на листата, Индонезија и Тајланд, се единствените кои ја преминуваат Португалија, а после следуваат Шри Ланка на четвртото место и Јужна Африка на петтото место.

Доколку не сте сигурни зошто е тоа така, тогаш нашата галерија веројатно ќе ви открие барем дел од нејзината привлечност.

За авторот

Mr. N