Психологија

Покрај сите табуа, едно останува, дали жената треба да биде повисока од мажот?

Напишано од Mr. M

И покрај сите табуа што беа срушени во поглед на врските, едно останува, дали жената треба да биде повисока од мажот? Тоа што треба да го знаете доколку се најдете во ваква ситуација е следново: не ја пропуштајте приликата. Не го земајте здраво за готово тоа дека жените сакаат само високи мажи.

Студиите велат дека пониските мажи се подобри партнери па имајте го тоа на ум. Најважно е како ќе се претставите себеси. Доколку имате самодоверба верувајте дека и другите ќе го забележат тоа. И немојте да правите шеги на сметка на нејзината висина.

Не е баш привлечно да се зборува за најочигледната работа која таа ја поседува. Но, доколку вие се чувствувате неудобно покрај неа, жената ќе го примети тоа па и таа ќе се чувствува така. Ставете акцент на вашите останати квалитети па така висината ќе биде и незабележлива.

За авторот

Mr. M