Технологија

Полека земјата станува роботизирана

Напишано од Пјер

Секојдневно слушаме за напредокот во технологијата, како се усовршуваат производни процеси, како се прават кучиња кои имаат вештачка ителегенција и можат да му служат на човекот.

Вчера слушнавме дека во Дубаи е отворено комплетна роботизирана фабрика за производство на регистарски таблици. Тоа значи дека во фабриката нема да има луѓе кои ќе работат или пак ќе биде смален бројот на минимум.

Фабриката која се наоѓа во Customers Happiness Centre во Деири, користи технологија на четвртата индустриска револуција и применува вештачка интелигенција во печатење на регистарските таблички без човечка интервенција. Во блиска иднина, RTA (Roads and Transport Authority) ќе инсталира 10 слични машини во центрите за даватели на услуги и ќе бидат контролирани преку централната фабрика РТА.

За технолошката имплементација била одговорна германската компанија Tonnjes Middle East. Во овој систем, робот прима електронски налози за печатење преку e-Licensing и почнува со печатење на таблици без човечка интервенција. Системот го следи циклусот на регистарски таблички од производството до одложување со користење на QR-кодот кој е прикачен на таблицата.

Има една стара поговорка, човекот е толку интелегентен што еден ден сам ќе се уништи.

За авторот

Пјер