Мода

Популарноста на машкиот костим некогаш и сега

Напишано од The Gentleman

Класичното одело помина низ многу промени во последните неколку децении. Некогаш било носено од сите, политичари, бизнисмени па дури и за петочко излегување, но со промена на модните стилови падна и неговата популарност, посебно во последните две децении.

Овој пад имаше толку драстично влијание што дури и некои познати банки го сменија својот дрес код па носењето палто или вратоврска го направија незадолжително. „Маркс & Спенсер“ најпозната дестинација за костуми и формално облекување најави дека ќе ја намали понудата на формална облека за 14% за да направи простор за покласичната облека.

Денес носењето одело е избор. Голем број на мажи кои се свесни за својот стил избираат да носат одела па дури и да кројат по мерка и да дадат сопствен печат на стилот. Оделото може да се носи на безброј начини, од формално до покласнична и опуштена варијанта. Можеби дел од мажите денес не се обврзани да носат костум на своето работно место, но тие сепак одбираат така.

Сепак носењето на костум е знак и почит кон работата, кон пријателите, кон местата каде одите. Не за џабе се восхитуваме во минатото кога ќе сме виделе како сите се дотерани во костуми. Затоа бидете џентлмени, и оддавајте почит на местата каде се појавувате.

 

За авторот

The Gentleman