Автомобили

Porsche Taycan претставен на неверојатен начин

Напишано од Mr. M

Компанијата Porsche ја продолжи својата светска турнеја за својот прв електричен модел, а последната промоција се случи во Сингапур каде што беше промовиран Taycan на еден интересен начин.

На сцената, покрај моделот Taycan се појавија и војниците од Војна на ѕвездите кои што го чуваа моделот. Со оглед на тоа што изложениот модел беше со бела надворешност, сличноста во дизајнот на автомобилот и борбениот оклоп на трупите беше повеќе од очигледна.

Porsche ја одржа светската премиера на својот прв електричен модел на почетокот на септември. Тогаш беа воведени првите две верзии – Taycan  Turbo и Taycan Turbo S, кои на стартот имаат иста моќ – 625 КС.

Turbo може да управува со вртежен момент од 850 Nm и Taycan Turbo S од 1.050 Nm. Во однос на перформансите, Турбо забрзува од 0-96 км на час за 3,0 секунди и Турбо С за 2,6 секунди.

Најголемата брзина на двата автомобили е 260 км на час.

93,5 kWh литиум-јонски батерии се користат за складирање електрична енергија. Производителот тврди дека до 80% капацитет може да се надополни на брз полнач од 270 kW за 22,5 минути.

За авторот

Mr. M