Успешни приказни

Постојано инвестираме во развој на џентлменската култура во Македонија

Напишано од The Gentleman

Од 2015 година, неуморно работиме на развој на џентлменската култура во Македонија. Од почетоците па се до ден денеска, постојано се наоѓаме под притисок на јавноста, но и од блиските и пријатели, со прашањата, за тоа дали вреди да се инвестира постојано за развој на културата?!

Можеби досега во неколку наврати сме се подзамислиле, но некако како нешто да не ни дава да се откажеме. Искрено, живееме во една идекја за идеален свет, свет каде ќе има култура на ниво, каде нема да има љубомора, каде сите ќе знаеме да кажеме добро утро, добар ден, како сте. Со еден збор да негуваме добри навики.

Од 2015 година креиравме прв онлајн магазин за мажи каде имаме специјален и различен приспат на работите. Пристап кој е различен од сите други онлајн медиуми. Не сме во трка за посети, не сме во трка за признанија, едноставно сме насочени да промовираме џентлменска култура.

По 2015, во 2017 година го креиравме и првиот онлај шоп за мажи кај нас, но и пошироко. И пак, се насочивме кон развој на таа приказна. Иако е мала и во развој, сепак, не се откажавме. Има уште многу за одење но, сепак оставаме време и простор да ги направиме сите напори и да ја промениме навиката.

Во 2018 година го започнавме првиот официјален избор на Мажи на годината во Македонија. Прв и официјален. Се друго е после нас. Да се разбереме. Да си бидеме на чисто. Не дека се фалиме со тоа, туку чисто да се знае, зошто има некој лаже. Идеја која се роди многу одамна уште пред да замислат другите дека ќе имаат теми за мажите. Мажи на годината стана препознатлив настан, кој има само една цел. Да ги препознае најуспешните Мажи кај нас за изминатата година. Оваа година традиционално, во Ноември месец, месецот на машкото здравје ќе се одржи четвртиот по ред избор на Мажи на годината за 2021. И, нема да престанеме. Ќе продолжиме и понатаму.

Измината година знаеме каква беше. Предизвик за сите нас. Предизвик за опстанок и работа. Не за џабе кажале, не се откажувајте никогаш од вашите цели. Работете напорно и уживајте во тоа. А успехот, тој ќе си дојде само по себе. 202 година за нас беше многу успешна. Успешна што направивме еден голем скок и направивме нешто кое се вика ПРВ ТВ МАГАЗИН ЗА ЏЕНТЛМЕНИ – ЏЕНТЛМЕН МАГАЗИН. Нашата макотрпна работа се исплатеше во годините наназад. Направивме сценарио од светски тип, креиравме екипа која знае што треба. и, добивме продукт кој е фантастичен. Освежување за медиумската сцена кај нас. Поминаа голем број на докажани мажи кои оставиле некакви си вредности во општеството во кое живееме. Вредности кои секој од нас треба да ги цени и почитува. Да ужи од нив. Во 2021 ќе продолжиме со прикажување на успешните приказни на успешните мажи кај нас.

За оваа година, за 2021, сакаме да ви најавиме, но не ида ви откриеме многу дека ќе продолжиме со многу интересни новитети за сите вас. Ќе имаме простор за дружба и за размена на искуства. Ќе имаме нешто кое ќе го промовираме во месец Март.

Затоа, читајте Џентлмен Магазин. Читајте квалитетна содржина и негувајте џентлменски навики.

Тимот на Џентлмен Магазин.

За авторот

The Gentleman