Хотели

Повеќе од 80.000 парчиња од хотелот Waldorf Astoria одат на аукција

Напишано од The Gentleman

Најпознатиот хотел во Њујорк, а и светот генерално, Валдорф Асториа, одличи да се реновира. Овој легендарен и култен хотел се има појавено во многу филмови, и важи за синоним за луксуз. Сигурно многумина од вас се сеќаваат на филмот Сам Дома, кога во хотелот се појавува Меколи Калкин и се разминува со Доналд Трамп.

Сега поради реновирањетоќе понуди 80.000 свои предмети на аукција пред продолжувањето на реновирањето.

Од отворањето во 1931 година, хотелот е домаќин наполитичари, глумци, кралски семејства како и останати од елитата. Во 2014 година, ланецот хотели Хилтон го продаде својот удел на кинеската компанија за осгигурување „Анбанг Осигурување“ за 1,95 милијарди долари.

Еден од најспектакуларните предмети на аукцијата е мебелот од просторијата во која Херберт Хувер трајно живеел во 40-тите години на минатиот век – вклучително и влезната врата со проценета вредност од 200 до 300 долари. Се вели дека тепих од собата што го користел поранешниот британски премиер Винстон Черчил достигнува цена од 2.500 до 3.500 американски долари. Најскапа ставка е маслена слика од просторијата во која спиела актерката Елизабет Тејлор, а се проценува на 8.000 до 12.000 долари.

За авторот

The Gentleman