Бизнис совети

Правила за успех кои мора да ги почитувате

Напишано од The Gentleman

За успех е потребно да вложите труд, многу енергија, и жртвување.  Тој не доаѓа сам по себе. Еве кои се според нас правилата за успех.

1. Излезете од вашата „удобна зона“

Парсонс вели дека среќата постигната во опкружувањето на удобната зона не е многу важна и ги поттикнува луѓето да се тргнат од неа. На човечкиот аргумент дека сакаат сигурост, Боб има едноставен одговор : „Сигурноста е за мртвите“.

2. Никогаш не се откажувајте

Ништо не е совршено при првиот обид. Само затоа што во моментот правите нешто што ви се чини неуспешно, не значи дека еден ден нема да биде успешно, туку дека правите нешто погрешно и треба да поработите на тоа.

3. Кога сте подготвени да се откажете, тогаш сте најблиску до успехот

Една кинеска поговорка вели: „Искушението да се повлечеш е најголемо кога си најблиску до успехот“, Боб Парсонс се согласува со ова и вели дека во моменти на искушение треба да вложи најмногу енергија.

4. Бидете подготвени на најлошиот можен резултат

Грижата од резултатот може да биде многу поголема и постресна ако замислиме низа од лоши ситуации. Доколку точно си напишеме што е најлошата работа која може да се случи, ќе ни биде полесно да се подготвиме за можниот негативен резултат. Таткото на Парсонс, имал само еден одговор на несигурноста на својот син, а тоа било: „Види сине, дури и да не успееш, никој нема да те изеде“.

5. Концентрирајте се на она што сакате да се случи

Наместо да размислувте што може да се случи, а што неможе концентрирајте се на тоа што сакате да ви се оставри. Со тоа создавате подобар став за се.

6. Живејте ден за ден

Немојте да се грижите премногу за иднината, наместо тоа сконцентрирајте се на она што го правите сега. Ако живеете ден за ден, на секој начин ќе се обидете од нив да и го извлечете максимумот, а напредокот ќе биде мал, но со текот на времето ќе стане многу впечатлив.

7. Секогаш одете напред

Немојте да ги оставате работите онакви какви што се, секогаш обидете се да поправите нешто и да напредувате.

8. Одлучете брзо

Генералот Џорџ С. Патинсон рекол: „Добриот план кој е брзо извршен денес, многу е подобар од одличниот план кој ќе биде извршен утре“.

9. Мерете го секој резултат

Каков напредок и да видите, измерете го и запишете го. Се што се мери и се набљудува со текот на времето станува подобро.

10. Се за што не водите сметка ќе стане уште полошо

Работите кои ги запоставувате со текот на времето можат да се претворат во вистински проблеми ако не ги решите на време. Секојдневното решавање на проблеми е многу подобро за разлика од решавањето проблеми еднаш во месецот.

11. Внимавајте на конкуренцијата, но повеќе внимавајте на себе

Наместо да се заглавите во анализите што другите прават, обидете се едноставно работата да ја завршите сами и тоа што подобро можете. Од надвор се изгледа совршено, па така ни вашата конкуренција не е толку совршена како што ви изгледа.

12. Не дозволувајте никој да ве малтретира

Вие имате еднакво право да го правите она што го правите исто и како сите други, под услов да станува збор за легални работи.

13. Не очекувајте дека животот ќе биде фер

Животот не е фер, а што порано го прифатите и сфатите тоа, дека секој се бори за себе, побрзо ќе имате шанса да се изборите и вие за тоа што го сакате.

14. Решавајте ги своите проблеми, не се грижете за проблемите на другите

Коосновачот на Сони, Масура Ибука рекол: „Во технологијата, бизнисот или било што друго, никогаш нема да успеете ако ги решавате проблемите на другите, решете ги вашите.“

15. Немојте да сфаќате се премногу сериозно

Опуштете се и уживајте, бидејќи голем дел од добрите резултати се последица на чиста среќа.

16. Секогаш постои причина за насмевка

Братот на Боб Парсонс, кажал нешто до кое и самиот тој се држи: „Не сме на светот за да се задржуваме тука, туку за да се забавуваме.“

За авторот

The Gentleman