Пијалоци

Предлог 4 коктели кои модерниот господин треба да ги знае

Напишано од martin

Коктелите претставуваат мешавина од различни пијалоци во кои се додаваат и сокови, овошје и други сусптанци. Постојат огормен број на коктели во светот и можностите се неограничени. Еве 4 едноставни коктели кои секој модерен господин би требало да ги знае.

Screwdriver

Еден од наједноставните коктели кои може да се направат. Се што ви е потребно е водка и сок. Во висока чаша ставете водка, наполнете ја со лед и на крај додадете сок.

Blue Lagoon

Ова е доста популарен коктел кој сите го сакаат. Можеби затоа што е пред се лесен за правење. Се што ви треба е 30 мл водка, 100 мл спрајт, 10 мл лимунов сок и како за крај 10 мл Blue Caracao ликер. Во висока чаша помешајте ги состојките, наполнете ја чашата со лед и спремни сте за уживање.

Blue Frog

Во голема чаша измешајте 30 мл текила, 30 мл водка, 30 мл џин и 200 мл Ред Бул и 30 мл Blue Curacao ликер.

Џин Тоник

Едноставна и освежителна пијачка. Се што треба да направите 60 мл џин и 150 мл тоник. Обавезно треба да ставите и сецкан лимон.

За авторот

martin