Пијалоци

Предлог 5 секси коктели за Денот на Вљубените

Напишано од Nikola

Денот на Вљубените (Валентајн) ни се приближува, што значи дека доаѓа време да ги отворите сите карти за вашата најдрага. Секако, може да ја однесете во некој прекрасен ресторан, но може и домашен амбиент со некој ваш специјалитет надополнет со цвеќиња, чоколадо, накит и други Валентајн подароци.

Но, кул секси коктел специјално создаден за Денот на Вљубените е најлесниот начин со кој ќе ја освоите вашата девојка. Подоле, погледнете ги 5-те едноставни рецепти за коктели специјално наменети за овој прекрасен, романтичен ден.

GUILTY IN ROME

Состојки:

  • 45 мл Аперол
  • 25 мл Gonzalez Byass
  • 1/2 зелен лимон

Ставете го зелениот лимон и шеќерот во шејкер, додадете ги состојките и добро измешајте. Најдобро се служи овој коктел во стаклена чаша со мраз.

1-800-SENSUAL

Состојки:

  • 60 мл Blanco текила
  • 1/2 сок од малина
  • 1/2 цеден лимон
  • 30 мл Fino Sherry

Ставете ги сите состојки во шејкер со мраз, се додека не се оладат убаво. Послужете го овој коктел во округлеста стаклена чаша.

TURBO LOVER

Состојки:

  • 1/2 Аперол
  • 1/2 Mr.Black
  • 1/2 Ancho Reyes 
  • Кора од семе

Комбинирајте ги овие состојки во шејкер, ставете ги во чаша со коцка мраз и додадете тоник.

MEZCAL MAMA

Состојки:

  • 75 мл Gem & Bolt Mezcal 
  • 75 мл чај од јасмин
  • 50 мл свежо цеден сок од зелен лимон
  • 45 мл Agave сируп
  • 15 мл Benedictine

Комбинирајте ги овие состојки во шејкер, ставете ги во чаша и додадете 3 до 4 малини како декорација

GM-P COLLINS

Состојки:

  • 100 мл Форд Џин
  • 3/4 Fennel сируп
  • 3/4 цеден лимон
  • Една лажица сол
  • Сода

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За авторот

Nikola