Водич за патување

Предлог дестинации за лето поминато на плажите во Хрватска

Напишано од Пјер

Пред некој ден зборувавме на тема Грција, и најубавите плажи кај нашиот на јонско и на егејот.

Денес, ќе погледнете едно видео на тема Хрватска, и најубавите места на Јадранот.

Нема многу да филозофираме за места, и предлог дестинации, се ќе си покаже видеото, но би набројале на кратко нешто за неколку локации во Хрватска, кои според нас вредат за посета оваа летна 2018 сезона –

1.Почнувајќи од границата со Црна Гора, наш предло е да ја заборавите Макарска, па доколку сте запнати да не патувате превише, сместете се во Брела (преубава плажа), или ако сте повеќе за шетање, во Дубровник.

2.Првите острови што вредат да се стават на вашата летна мапа се Брач (Бол е преубаво рибарско селце со една од најубавите плажи на Јадранот), Хвар (модерен и зелен), и Корчула (мини Дубровник)

3.Неколку мини градчиња, после Спилит, кои вреди да се посетат, се и Стариград и Примоштен, затоа дајте им мало истражување и на овие прекрасни Далматински убавици

4.Доколку сте по забава, и сте малку помладо друштво, знаете дека островот Паг и плажата Зрче се местата кои се задолжителни за посета

5.Горните острови Крк, Црес не многу ги препорачуваме, но затоа доколку сакате да ја посетите Истра, препорачуваме посета на преубавиот Ровињ, поголемата Пула, монденската Опатија, па и последната Хрватска дестинација, Савудрија

6.За крај наш супер предлог, е изнајмување едрилица и скипер, и уживање низ целиот Јадран

За авторот

Пјер