Нега и одржување

Предлог два наши парфеми за ова лето

Напишано од Mr. M

Сакате да мирисате убаво ова лето? Секако 🙂 Летото започна, а вие треба да се спремите и ова сеозна да биде кул и освен да изгледате добро, вие треба да се трудите да оставите впечаток и со добар мирис. Денеска нашиот тим направи селекција од два машки летни парфеми кои што треба да ги имате на ум ова сезона.

Paco Rabanne Invictus

Две неочекувани сили се спојуваат: екстаза и адикција. Вдишете го мирисот на победата. Сензуално свежите ноти поставуваат нова верзија за мажественоста. Invictus е неочекуван судир на светови, моќи, сензација и вредности: задоволство од чиста свежина во топ нотата до сензуалност од Гвајаково дрво во базата на мирисот. Приказната започнува со свежина, експлозија на енергија предизвикана од Грејпфрут, Зачини и МЕТАЛ. Металните тонови даваат необична пикантност на Цитрусот и Зачинот, креирајќи интензивно освежителен, енергичен ефект соодветен на еуфоријата од застанување на целта и освојување на победата. Енергичниот старт е набрзо придружуван од мирисот на Билки и Пачули, за подоцна да почне да се чувствува заводливоста на солениот Амбергрис, Дрвесина и Амбер. Допирот на Метал и Грејпфрут продолжува во текот на целиот развој на мирисот за да обезбеди игривост и живост дури и во нај топлите, сензуални тонови.

Dolce & Gabanna The One

По огромниот успех на женскиот парфем, The One, од Dolce & Gabbana на почетокот на месец март 2008 година, ни пристигнува и машката едиција, исто така со име The One for Men. При креирање на овој мирис, Стефано Габана бил воден од идејата да од овој мирис направи UOMO, односно мажествен мирис, класичен, “не банално класичен, туку машка класика која ќе трае со години и ќе биде мирис кој жените ќе го обожаваат“. Нотите кои овој мирис ги поседува се според вкусот на креаторот Gabbana, кој сакал дрвенесто-зачинета композиција. Мирисот се отвора со ноти на грејпфрут помешан со коријандер и босилек, додека срцевината е составена од кардамом, ѓумбир и неролија. Основата остава мажествена трага со ноти на кедрово дрво, тутун и амбра. Шишенцето на мирисот е моделирано со цел да го следи женското, стаклено, со иста форма и со правоаголно капаче со чоколадно-кафеава боја.

За авторот

Mr. M