Стил

Предлог две фраерски поло маици кои може да ги најдете во Скопје Сити Мол

Напишано од martin

Летото е период од годината кој се карактеризира со високи температури и полека се повеќе се откажуваме од одредени парчиња на гардероба и бираме нешто што е полесно за носење, а воедно нуди и добар стил. Модното парче кое е совршено за летниот период се поло маиците. Тие одсекогаш биле паметни кежуал парчиња кои се доволни да го исполнат вашиот стил.

Пред да земем да ви предложиме неколку модни комбинации со поло маици кои можете да ги најдете во Скопје Сити Мол, еве неколку чекори кои се важни при изборот на поло маичка.

  • Ракавите треба да бидат до средина на бицепсот
  • Ако на вратот ви е расфрлана, тогаш е премногу широка, а доколку ве стега, тогаш значи е тесна, тогаш најубаво да ја најдете златната средина
  • Маицата не треба да ја поминува средината на шлицот на вашите панталони

Изборот на поло маици знае да биде понегаш тежок. Постојат оние со големи логоа и разни натписи на нив, а постојат и они со помали логоа кои се воедно и наши фаворити. Благодарение на спортското наследство на поло маичките, тие одговараат на било која спортска комбинација. Поло маичките се вашиот верен партнер на оние помалку формални случувања кои ги имате.

Затоа денеска се одлучивме да ви презентираме два модела на поло маички кои можете да ги најдете во продавницата US Polo која се наоѓа на првиот кат на Скопје Сити Мол.

Кога сакате да изгледате лежерно, поло маицата можете да ја комбинирате со кратки панталони. Додека пак, класичен модел на фармерки ќе ви даде можност да си поиграте со дизајнот и дезените на поло маицата.

 

За авторот

martin