Водич за патување

Предлог Инстаграм локации: Хрватска

Напишано од Mr. M

Убавините на Јадранското море секогаш биле посакувана дестинација. Хрватска стана навистина популарна за посетување уште повеќе откако беше локација за снимање на серијата Игра на тронови. Без разлика дали станува за тивок одмор на плажа, забави или авантури, Хрватска е идеално место за вас, но не заборавајте и да ја вклучите камерата.

1. Дубровник

Ова е веројатно најпопуларното место во Хрватска. Посебно откако беше престолнина во серијата Игра на тронови. Стариот дел од градот со прекрасни градби од средниот век, препознатливи rooftops и лавиринтските улици и тоа како вредат да се најдат на вашиот инстаграм профил доколку сте таму. А ѕидовите околку градот кои се изградени некаде во 15тиот век ќе ви овозможат поглед кон цел Дубровник.

2. Перистил, Сплит

Во срцето на Сплит се наоѓа палата која е остаток уште од Римското време. Се смета дека таа градба е најавтентичнен пример за Римската архитектура, која сега локалното население ја користи за концерти и опера. Станете рано наутро и уживајте во празниот Сплит, а потоа и во одличниот ноќен живот.

3. Национален парк Крка, Лозовац

Се протега од Јадранското море се до планинскиот појас на Хрватска. Името го добил според реката Крка која минува низ овој дел, а водопадите Скрадински и Роски Слап ќе ви дадат бајковит изглед на вашиот инста-фид.

4. Камен Брела

Брела е туристички град, во близина на Макарска која ги поседува најубавите плажи. Тука Јадранското море е навистина чисто, тиркизно и мирно. А Брела е позната и по романтичното зајдисонце.

5. Национален парк Плитвице

Најстариот и најголем национален парк во Хрватска е токму овој, кој е под заштита на УНЕСКО како едно од најубавите места во светот. Се наоѓа на околу два часа возење од Загреб. Големите водопади се must see. Вашите следачи на Инстаграм ќе ви бидат многу благодарни.

6. Плажа Carpe Diem, Хвар

Ова е место за создавање спомени. Прекрасна вода и плажи за одмор, а исто и многу забава во ексклузивни барови и клубови.

За авторот

Mr. M