Водич за патување

Предлог Инстаграм локации: Португалија

Напишано од Mr. M

Кога станува збор за летни одмори сите сакаме да направиме фотографија за спомен, каде и да одиме. Од селфи до арт фотографии, Португалија дефинитивно изобилува со места за истите. Па, доколку планирате да ја посетите Португалија ова лето еве неколку локации за кои вашиот Инстаграм фид ќе ви биде благодарен.

1. Castelo de vide

Откако ќе го пројадете патот низ градините, истражувањето на замокот од 17-ти век, навистина е место кое треба да се овековечи.

2. Costa Nova

Линиите во лето никому не стоеле подобро. Рибарското градче е полно со шарени куќи кои дефинитивно би сакале да ги постирате на Инстаграм.

3. Pena Palace – Sintra

Совршено место за вашиот следен пост. Силните бои на замокот кој потекнува од средниот век ќе ве остави без зборови.

4. Cabo da Roca – Colares

Место за авантуристите. Див и слободен дух е тоа што ви треба за тука, а морето од ова место е сигурно најфотогенично.

5. Tomar

Во срцето на Португалија се наоѓа еден од најубавите градови. Изобилува со архитектура од средниот век, прекрасни улици и мирни паркови.

6. Monsaraz

Уште од моментот кога ќе стапнете на ова место ќе се чувствувате како во друго време. Од прекрасните бели улици до неверојатниот поглед, ова е место каде треба да ја вклучите вашата камера.

7. Coimbra

Уште еден град кој не смеете да го пропуштите. Неверојатна архитектура, познат по стари катедрали овој град изгледа можеби уште поубаво навечер.

За авторот

Mr. M