Музика

Предлог музика за работење од вашиот дом

Напишано од Mr. N

Оваа недела работиме од дома.

А како што тргнала работата, ќе работиме уште некоја недела. Работата од дома носи неколку предизвици, а најбитен од нив е телевизорот. Доколку пуштите Нетфликс во позадина, тешко дека ќе работите. Доколку пуштите вести, дали наши дали на youtube, исто така тешко дека ќе работите. Спорт нема, барем тука немаме многу искушенија.

Затоа најдобро е барем неколку саати да имате уклучено музика, која ќе биде само ваш пријател во овие тешки моменти. Секако музиката треба да е по ваш вкус, иако не многу советуваме да пуштате српско, метал, рап или слично. Во овие моменти најдобро е да имате пуштено убави дџ сетови, со не многу тешка музика, со убава позадина, нешто слично на сетовите на групацијата Cercle.

Во продолжение наши три предлози, но слободно побарајте нешто слично што е по ваш терк. Сите се со позадина како емисија на дискавери, со музика како да сте во диско. Значи три во едно 🙂

Само пробајте изолирајте се од Нетфликс и вести барем на неколку саати…

За авторот

Mr. N