Нега и одржување

Предлог пролет/лето машки парфеми за вечерните пригоди

Напишано од Mr. M

Конечно навлеговме во топлиот период од годината, односно во оние пролетни и летни денови. Како се менува сезоната, така треба да правиме и промени во стилот, но и во негата и одржувањето. Постојат голем број на парфеми денеска на пазарот. Од оние за во ладните денови, до оние за во летниот период. Од дневни секојдневни, до оние за вечерните пригоди.

Секој парфем си има своја намена и се знае точно кога треба да се користи. Денеска ќе се фокусираме малку на оние парфеми кои што се препорачуваат за летниот период од годината и особено за вечерните пригоди. Се обидовме да вклучиме неколку модели на парфеми за да ги претставиме различните лични стилови што момците би можеле да ги имаат.

Versace Man Eau Fraiche By Gianni Versace

Стилот на Eau Fraiche е eлегантен, заводлив, xаризматичен.
Мирисни ноти: Врвот има лимон, бергамот, ружино дрвo и ружа. Во срцето се кедар, тарос, жалфија и бибер. Во базата има амбер, мошус, шафран и дрвени ноти.

Yves Saint Laurent L`Homme

Опоен. Незаборавен. Создава зависност. Спој на дрвенести ноти во жестока меѓу игра со свежи овошни ноти. Овој привлечен парфем кој е долго во нашета меморија е креиран од страна на Anne Flipo, Dominique Ropion и Pierre Wargnye.

Paco Rabanne Invictus

Две неочекувани сили се спојуваат: екстаза и адикција. Вдишете го мирисот на победата. Сензуално свежите ноти поставуваат нова верзија за мажественоста. Invictus е неочекуван судир на светови, моќи, сензација и вредности: задоволство од чиста свежина во топ нотата до сензуалност од Гвајаково дрво во базата на мирисот. Приказната започнува со свежина, експлозија на енергија предизвикана од Грејпфрут, Зачини и МЕТАЛ. Металните тонови даваат необична пикантност на Цитрусот и Зачинот, креирајќи интензивно освежителен, енергичен ефект соодветен на еуфоријата од застанување на целта и освојување на победата.

Hugo Man Extreme

Сместен во иконското шишенце , новиот мирис го носи класичниот HUGO MAN кон едно ново ниво на интензивна свежина. Мирисот се отвора со иконската свежина на свежи зелени јаболка кој е интензивиран до максимум. Како што се развива мирисот така ја отвора ароматичната срцевина од лаванда, саќе и гераниум кои даваат модерен акцент на мирисот. Силната база е од ноти на кедарово дрво. Моќта на HUGO MAN Extreme е во неговата непогрешлива хемија која ги соединува сите состојки и дава резултат на експлозивна енергија и свежина. Ова е мирис за сите оние кои сакаат да го живеат животот во свои услови.

За авторот

Mr. M